“Антолог” – Прва книжарница на тркала во Македонија

Сподели
 
Издавачката куќа “Антолог” започна со еден сосема нов концепт, “Книжарница на тркала“.
 
 
 
 
Од Плоштадот Македонија, каде што започна оваа прва подвижна книжарница ќе менува локации низ Скопје и низ целата држава, доближувајќи ги сите најактуелни наслови дури и на најнеочекуваните места.
Сосема нов концепт, кој достапноста на книгите и културата на купување книги ги подигнува на едно сосема друго ниво.
 
“Првата подвижна книжарница на „Антолог“ официјално почна со работа на 17 март 2021 година, од 12-18 часот, на Плоштадот Македонија, а потоа ќе менува локации низ Скопје и низ целата држава, доближувајќи ги сите најактуелни наслови дури и на најнеочекуваните места. 
 
Одамна размислувавме за можноста што повеќе да ги доближиме книгите до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што за жал бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво. Оваа иновативна и атрактивна книжарница на тркала е следната приказна што ја испишуваме заедно со нашите читатели.
 
Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и книжарницата да прерасне во простор што ќе обединува настани, промоции, средби и гостувања на автори.
На нашиот сајт antolog.mk, како и на нашите профили на друштвените мрежи редовно ќе ги објавуваме програмата на Книжарницата на тркала и локациите на кои таа може да се најде. Исто така, со оглед дека целта на оваа книжарница е да ги исполнува желбите на читателите – секојдневно ќе бидеме отворени за конкретни покани и предлози на места што треба да ги посетиме следни, – порачуваат од „Антолог“.