Државниот завод за статистика утринава информираше дека регистрирани се нови 6.600 самопопишани лица од дијаспората.
Заклучно до денес, за 25 дена откако започна пописот, вкупно 143.755 граѓани се попишале преку апликацијата за самопопишување достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk.
Од ДЗС велат дека бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст.
Во врска со технички проблеми, граѓаните може да се обратат на отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk.