Започна вакцинацијата во државава преку „Мој Термин“

Сподели

 

Во вакциналните пунктови ширум земјава денеска започна вакцинација на 20.000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести, преку Националниот систем „Мој Термин“. 

Вакцинацијата ќе се спроведува во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица, како и во болницата во Кавадарци.

Од петок ќе почне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Пунктовите низ државата ќе работат во две смени, од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. 

Целокупниот процес на вакцинација ќе се одвива по националната стратегија за имунизација и приориетните групи, кои се одредени од страна на Светската здравствена организација.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска во 11:30 часот ќе го посети вакциналниот пункт во Поликлиниката Јане Сандански, после што ќе даде изјава за текот на вакцинирањето.