Македонската фудбалска репрезентација ја направи најголемата сензација во својата фудбалска историја со победата над Германија во Дуизбург со 2:1.
Нашите репрезентативци одигра одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен. Натпреварот започна со доминација на Германија, но заврши со голема победа на нашата репрезентација.
Леон Горетцка во 9.минута прими топка во нашиот шеснаесетник, биеше силно но ја погоди само пречката од нашиот гол. Во 27.минута уште една убава шанса за домашната селекција, Гнабри упати удар од страна, а Димитриевски со нога го одбрани неговиот шут.
Македонија се закани во 40.минута преку Адеми кој ја зафати топката по центаршутот на Алиоски, но голманот Тер Штеген со крајни напори го спаи негобиот гол. Ова беше најава ма многу подобра игра на Макеоднија која додје до предност во судиското надополнување на првото полувреме преку капитенот Горан Пандев. Алиоски нафрли од лево , а Барди ја сочека топката и го проигра Пандев кој го совлада гоманот на Германија за водство на Македонија од 1:0 по првите 45 минути.
Германија дојде до израмнување на резултатот со голот на Гундоган од пенал во 63.минута откако судијата виде прекршок од Алиоски над Саен во нашиот шеснаесетник. Македонија во финишот од средбата дојде до предност со голот на Елиф Елмас во 85.минута откако беше одлично проигран од Адеми и вистински шок за домашните фудбалери.
До крајот на натпреварот нашите репрезентативци знаеја како да ги запрат сите напади на Германија и да се изборта за историска победа во првиот дуел со Германија.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски, Николов (59. Бејтулаи), Адеми, Барди, Алиоски (90. Ристевски), Елмас, Трајковски (72. Спировски), Пандев (89. Стојановски).
Селектор: Игор Ангеловски.
ГЕРМАНИЈА: Тер Штеген, Емре Џан, Гинтер (89.Мусиала), Рудигер, Госенс (56. Јунес), Горецка, Кимих, Гундоган, Хаверц (56. Вернер), Гнабри, Сане.
Селектор: Јоаким Лев.