Меѓународен ден на Ромите – 8.април неработен ден за ромската заедница

Сподели

 

Согласно со Законот за празниците на РСМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 април, Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика. 

 

 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.