Денеска официјално започнува масовното вакцинирање на населението со „Спутник В“

Сподели

 

Денеска официјално започнува масовното вакцинирање на населението против ковид-19 со „Спутник В“.

 

 

Вакцинирањето ќе се одвива на пунктови во салата „Борис Трајковски“, каде што се закажани се термини за 3.000 граѓани.

 

 

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат, МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините.

 

 

Вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“, ќе се одвива на 48 пункта. Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош ако е потребно.

 

 

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека на почеток во просек околу 4000 луѓе на ден ќе бидат вакцинирани низ државата, а верува дека за кратко време ќе се исполни и планот да се достигнат 7000 термини дневно, кога системот ќе профункционира во целост.