Полициски час од 20 часот и затворање на кафеаните

Сподели

Полицискиот час на територијата на целата држава кој беше воведен на 10 март, а траеше од 22 до 5 часот наутро,  ќе почнува во 20 часот, се до 20 април, одлучи Владата на денешната седница.

Угостителските објекти кои имаа дозвола да работат до 21 часот, сега целосно се затвораат и ќе смеат да работат само со достава. Исто така, од утре се затвораат и фитнес клубовите и се забранува одржувањето на конференции и обуки. Обложувалниците пак, се затвораат од 7 април, соопшти на прес конференција премиерот Заев.