Во ексклузивно интервју за порталот „Трибуна“, лидерот на ВМРО-БНД и министер за одбрана на Република Бугарија во оставка, Красимир Каракачанов, најави револуција кај нашиот источен сосед, ако новата владејачка гарнитура во Софија попушти во спорот со РС Македонија.
Првиот човек на ВМРО-БНД е дециден дека, ако се случи отстапка во однос на историјата од страна на Бугарија, тие ќе организираат такви протести што протестите што се случија ова лето против владата на Бојко Борисов ќе изгледаат како „сон во летна ноќ“.
„Што ќе направиме ли? Тоа што сме го правеле секогаш. Ќе бидеме во борбена готовност и ако нешто слично почне да се случува сметајте дека протестите што се случија ова лето против сегашната влада ќе им се видат како сон во летна ноќ“, вели Каракачанов.