Рама: Бугарија ја блокира Северна Македонија за свои интереси

Сподели

 

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Северна Македонија за свои интереси. Ваква оценка тој изнел гостувајќи во телевизиска емисија, кога зборувал за очекувањата на меѓувладината конференција.

– Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, излегува Бугарија и ја блокира Македонија. А, зошто Бугарија ја блокира Македонија? Ја блокира за свои интереси. Ја блокира заради своја внатрешна динамика и ја држи Македонија во заложништво, изјави Рама во интервју за „Визион плус“, пренесуваат медиумите.