Пауновски разрешен поради непрофесионално однесување

Сподели

 

Владата на денешна седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, поради негово „непрофесионално однесување“, соопшти Владата. 

Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ), според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување.
 
Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат, соопштуваат од Владата.