Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај, тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.
Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=349; 16,8%), 40-49 (n=333; 16,0%), 30-39 (n=323; 15,6%) и 20-29 (n=172; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=33; 1,6%) и 10-19 години (n=85; 4,1%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 02.05.2021, со Pfizer/Biontech вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Sputnik V се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на AstraZeneca вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Sinopharm се вакцинирани 953 лица.