Борисов на ФБ: Гоце Делчев е бугарски револуционер и македонски војвода

Сподели

 

Бугарскиот премиер Боико Борисов на својот Фејсбук профил оддаде почит на големиот револуционер Гоце Делчев. Тој напиша:

„Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одрин. Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Нека неговата жртва биде пример за тоа како, час поскоро, да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина“, пишува Борисов.