ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во Охрид – “За чисто како и дома исто”

Сподели

 

Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“ Скопје на 08.05.2021 година, со почеток во 8 часот, ќе се одржи „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, во повеќе општини во државата. Во акцијата се вклучува и делегацијата на Европската Унија со нивната иницијатива „За чисто како и дома исто“.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад, да се засади по едно дрво.

Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на акцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани. Во акцијата ќе земат учество и здруженијата „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“.

Акцијата ќе се организира во согласност со протоколите за Ковид-19, односно задолжително  носењето  заштитни маски и држење физичка дистанца.

Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.