Пендаровски: Помилување за лица кои направиле кривично дело не доаѓа предвид

Сподели

 

По средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот Стево Пендаровски изјави дека во врска со настаните од 27. април го повторил ставот дека помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан во современа Европа не доаѓа предвид, зошто нивната вина во тој процес неспорно била утврдена во судскиот процес.

„Во однос на правната квалификација на делото, факт е дека тие лица не беа осудени за кривично дело тероризам, туку по друг член за терористичко загрозување на уставниот поредок. дејствијата со кое може да се изврши тоа кривично дело се слични, запретената казна од 10 години идентична. За 27ми април постои пресуда за луѓе кои беа дел од истата топка која го претепа Зијадин Села. Ако се следи правната квалифијкација на таа пресуда, тие луѓе беа осудени, но не беа судени за кривично дело тероризам, туку за убиство во обид.“ – рече Пендаровски.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека со неговата теза не прави ревизија на судската пресуда, зошто нема причина за тоа нешто, ниту вели дека пресудата е донесена без докази, туку зборува за обидите за политичко толкување на пресудите што не придонесува за воспоставување на нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели.

„Мојот став е дека ако има нови докази кои порано биле непознати и кои може да го преобраат процесот, не значи дека јас заговарам преотварање на процесот. Само ја цитирам одредбата од законот и законската можност според која тие луѓе преку нивните адвокати по правен лек може дап обараат од Врховниот суд да ги оценат новите докази, ако тие постојат. Одлуката да се повтори процесот, ја носи судот, а не некој политички фактор“ – истакна Пендаровски.