Регистрирани се 30 нови случаи, 359 оздравени пациенти и 16 починати лица

Сподели

 

Во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид 19 во:
-Скопје 14
-Куманово 4
-Тетово и Кочани по 2
-Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип по 1

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61г,62г,69г,72г, 75г,80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г,82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г).

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од:
-Скопје 163
-Куманово 31
-Битола 26
-Тетово 16
-Велес и Кичево по 12
-Кочани, Гостивар и Кавадарци по 11
-Ресен 10
-Штип 9
-Виница, Прилеп и Свети Николе по 6
-Струмица 5
-Неготино и Берово по 4
-Радовиш и Гевгелија по 3
-Крива Паланка и Дебар по 2
-Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид 19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.