Радев: Не треба европски историчари да се вклучат во решавање на спорот

Сподели

 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека нема потреба европски историчари да се вклучат во македонско-бугарската историска комисија.

 „Никој подобро од нас не ја знае нашата историја“, изјави Радев, кој денеска е во Рим заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски на одбележувањето на сесловенските просветители Кирил и Метродиј.

– Комисијата ќе се занимава со историјата, но најважно е ние на високо политичко ниво да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение, изјави Радев.