Меѓународен месец за подигнување на свеста за микрочипирање на миленичиња

Сподели

 

Со одбележувањето на овој месец, имаме за цел да ја истакнеме важноста од микрочипирање на домашните миленици, соопштуваат од ЈП ЛАЈКА.
 
 
 
 
Микрочипот обезбедува сигурна и трајна идентификација, што во голема мера ја зголемува веројатноста доколку вашиот домашен миленик се изгуби, да биде вратен во својот дом. Микрочипот е најдобриот начин да ги обединат повторно милениците со нивните сопственици.
 
Но, микрочипот ја извршува својата функција само доколку е регистриран со ажурирани информации во базата на податоци за домашни миленичиња, како за миленикот така и за сопственикот.
 
Согласно одредбите на Законот за заштита и благостојба на животните, сопствениците на кучиња и мачки имаат обврска да го идентификуваат и регистрираат својот домашен миленик.
 
Во таа насока, преку оваа кампања прифатилиштето на ЈП Лајка има за цел да ја подигне јавната свест за градење на култура на одговорно сопствеништво и грижа за благосостојбата на кучиња.