Спасено е лицето кое се обиде да скокне од зграда

Сподели

 

Денеска околу 12.00 часот, со интервенција на преговарачки тим од Специјалната антитерористичка единица при МВР беше спасено лицето кое се обиде да скокне од покрив на зграда на ул.”Филип Втори Македонски” (во близина на трговскиот центар Мавровка).

 

 

Лицето е безбедно и без повреди е симнато од зградата и однесено во полициска станица за понатамошна постапка.

Утрово во 08.10 часот, граѓанин пријавил дека на наведената локација има лице на покрив од зграда и дека сака да скокне.