Рама: “Мини Шенген“ е голема работа за регионот, a “Голема Албанија” е глупост

Сподели

 

“Мини Шенген“ е голема работа за регионот, а идејата за „Голема Албанија“ е глупост сама по себе, рече албанскиот премиер Еди Рама во интервју објавено денес за „Еуроњуз Србија“.

Според него, „Голема Албанија“ никогаш не постоела во албанскиот јазик, учебниците, но тоа е термин што потекнува надвор од Албанија и тој е „глупост само по себе“.

„Да, но и Голема Србија е нешто што секогаш се споменуваше. Но, идејата за обединување во рамките на Европската унија е идеја што ги надминува етничките поделби“, додаде Рама.

Тој признава дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е многу тешко прашање.

Рама додаде, дека српското признавање на Косово е „нешто што доцни“ и дека не е во интерес на Србија и српскиот народ да ја продолжи оваа ситуација „во која тие, на некој начин, прифатија дух од кој не можат да се ослободат“. На прашањето дали разбира што им значи Косово на Србите, тој рече дека тоа е „само митологија“.

Народот од Западен Балкан, како и на народот на Албанија, никогаш не и било подобро, дека работите кои денеска ги сметаат за нормални, пред 10-20 години тие неможеле да ги замислат.

Тој им предложи на Албанците и Србите да се угледаат на Германците и Французите по Втората Светска војна, иако тоа е друга димензија, но народот на тој начин да ја преброди историјата, да се решат споровите и за идните генерации да се остави некое ново наследство.