За време на пандемијата 800 крводарителски акции обезбедија 55.000 единици на крв

Сподели

 

Во изминатата година за време на пандемијата се реализираа 800 крводарителски акции и се обезбедија 55.000 единици на крв, тромбоцитна маса и она што беше важно и спаси многу животи – ковалесцентната плазма, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
 
 
 
 
Благодарение на крводарителството во ниту еден момент не беа загрозени изведувањата на интервенциите. Црвениот крст е еден од најсериозните партнери кои ги имаме во текот на менаџирањето на оваа криза, како во делот на крводарителството, така и во делот на волонтерските акции и одржување на нашиот систем во ковид центрите.
 
 
 
 
Денешната благодарница која ја добив од нив ми е многу драга и е признание за добрата соработка и цврстото партнерство кое го негуваме, изјави министерот Филипче.