Во Албанија повторно запалени 60 лежалки

Сподели

 

На плажа албанскиот крајбрежен град Дримаде изгореа 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат. Инцидентот се случил еден час по полноќ.

Според порталот ABC Albania, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на крајбрежјето во оваа област.

 

 

„Конфликтите со огнено оружје, кои се случуваат на јавни места и во екот на туристичката сезона, ги загрозуваат животот и здравјето на десетици граѓани, изјави албанскиот претседател Илир Мета.

Пред неколку дена имаше конфликт меѓу сопствениците на барови, а во тој конфликт беше употребено огнено оружје, при што четири лица беа убиени, а двајца се тешко повредени.