Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 19 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 15 за возење без возачка дозвола.
Изречени се 35 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, седум за користење мобилен телефон, четири за нерегистрирани возила, 52 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.