Кои хотели ќе може да ги искористите ако имате ваучер за одмор

Сподели

 

Министерството за економија ја објави листата на хотели каде граѓаните ќе може да ги искористат своите ваучери за одмор.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година.

Целосната листа можете да ја видите ТУКА!