Во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 ќе се одржи концерт под наслов „ВОДА“.
Давор Јордановски – клавијатури, Александар Секуловски – тапани, Оливер Спасовски – бас, Александар Јовевски – кавал/тамбура, Борче Кузмановски – клавијатури, Сања Шуплевска – виолина, Маја Кастратовиќ – пијано
Орце Ицковски – фагот.
Орце Ицковски – фагот.
Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на објектот по цена од 200 денари.
Давор Јордановски & Вода
Музиката на „Вода“ е вешто изработен спој на заводливи балкански мелодии со џез, фанк, класични и рок стилови.
Познатиот пијанист, композитор и продуцент, Давор Јордановски и неговата група, „Вода“, го нурнуваат слушателот во древни звучни предели, обмислени со модерен вкус. Покрај разновидноста во инструментацијата и интелегентно распоредените ритмички варијации, музиката на „Вода“ се одликува и со динамична и течна инструментација и звук. „Вода“ се храни од својата околина и зазема форма во контекстот на она што се изведува, отелотворувајќи, истовремено, спокој, чистота, промена, моќ и бес – исто како и самата вода.
Давор е роден и пораснал во Македонија, живее во Канада, а поминал и неколку години во Либија, како дете. Впечатоците од живеењето во таа култура останауваат со него додека расте во неговиот роден град Скопје, каде е под влијание на музиката од Балканот и Европа. Во Канада, синтезата на музичките култури во музиката на Давор еволуира во уникатен стил, „world fusion“ што успешно обединува бесконечен спектар на разновидни звуци, инструменти, аранжмани и чувства. Давор своето класично музичко образование го продолжува и надградува со истражување на разни музчики стилови, како поп, џез, R&B, музика за филм, jazz fusion, амбиентална, како и музика за симфониски оркестар.