Овен
Искористете го периодот за завршување на поважните работи, бидејќи енергијата ви е на високо ниво. Ќе работите промислено и сигурно без да се двоумите. Ќе поминете лесно во избегнувањето на обврските, па ќе можете да се зафатите со приватни работи. Во комуникациите ќе ви биде потребна дискретност, бидејќи преголемата импулсивност може да го промени мислењето кај некои луѓе од кои зависи вашата иднина. Прифатете го мислењето на мнозинството за некои спорни случувања. Нема потреба да спречувате нечие влијание или да се издвојувате од групата на соработници. Во сентименталните односи ситуацијата е одлична. Обрнете внимание на искажаните зборови, особено на пораката која се крие помеѓу редовите и возвратете ја љубовта
Бик
Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците. Во љубовта ќе имате повеќе среќа. Слободните претставници имаат одлични шанси да ја најдат вистинската личност. Ако сте во брак ќе бидете по малку себични.
Близнаци
За вас, ова е период во кој треба да ги избегнувате непотребните ризици. Најдете се во активностите, каде се чувствувате сигурни. Креативниот момент е нагласен па така ќе воведете некои новини во работата. Финансиите се подобруваат. Успех им следи на тие кои работат со трговија. Избегнувајте соработки со роднини и внимавајте за кои пријатели ќе се жртвувате во овој период.
Рак
Можеби ќе чувствувате потреба да застанете во одбрана на вашите идеи, убедувања и ставови. Ќе имате впечаток дека другите не се согласуваат со вашиот светоглед, но навистина е тешко да се обидувате да ги менувате туѓите емоции и чувства, а посебно ако тие се вградени во камен. Ако се обидувате да го направите токму тоа, ќе станете фрустрирани и анксиозни. Мудро би било да се фокусирајте на личностите кои ги споделуваат вашите ставови и гледишта. Од никаде би можеле да се појават некои радикални и прогресивни нови идеи. Од друга страна, можете да очекувате подобрувања на материјално и практично ниво.
Лав
Ако успеете да ја контролирате вашата енергија, а се разбира и ако имате време; обидете се да се социјализирате со некои прогресивни личности, кои ќе ве инспирираат да гледате на светот на нов и поинаков начин. Оваа недела е одлична за интервју, консултација, барање совет или решавање на некои проблеми во односите со другите луѓе. Размислувајте спонтано и импровизирајте. Никогаш не можете да знаете што можете да откриете во взаемните конверзации и интеракции. Вие сте непроменлив знак, па затоа станувате многу нервозни кога не можете да ја контролирате ситуацијата. Се чини дека во последно време не можете да си го дозволите тој луксуз.
Девица
По периодот во кој бевте пасивни, се појавуваат нови предизвици. Вие ја гледате вашата шанса. Колегите ви префрлаат дека сте невнимателни и арогантни а вие всушност сте замислени. Внимавајте на тие ситуации. Бидете внимателни со финансиските трансакции и не ви се советува да земете поголеми заеми или кредити. Некое планирано патување можете да го одложите. Секако нема да ви биде лошо, затоа што набрзо работите доаѓаат на свое место.
Вага
Во текот на оваа недела се чини дека постои некаков потиснат и неизразен гнев, но во исто време има нешто што е ново и интригантно. Се очекуваат изненадувања и непланирани промени во правецот на развојот на ситуациите. Ова би можело да вклучува спонтани средби, неочекувани романтични инволвирања и пресврти, или похрабро вклучување во животните ситуации. Се чини многу интересно и возбудливо, без оглед на тоа во кои рамки ќе биде ставено. Во секој случај, имате потреба да внесете малку промени во постоечкиот поредок, па можеби токму во следните денови ќе можете да го постигнете тоа и да исчекорите напред.
Скорпија
Острината на Марс во вашиот знак, би можела да ве соочи со некои промени, кои потенцијало се поврзани со домот и приватноста.Но положбата на сонцето, Меркур и Венера, ќе ги разгорат вашите желби и страсти, а вие ќе бидете инспирирани да внесувате позитивни промени и отстапки во името на некои повисоки цели. Во почетокот ќе бидете малку фрустрирани кога ќе сфатите дека некои примарни личности од вашиот живот не ги споделуваат вашите гледишта и ставови. Не им дозволувајте на некои личности премногу да ви се мешаат во вашите планови и останете доследни на себе.
Стрелец
Во текот на претстојната недела се се врти околу вас! Вашите желби и интереси ќе бидат во центарот на вниманието на блиските личности. Па дури нема да има потреба премногу да се трудите околу луѓето кои сакате да ги привлечете или да ги задржите во својот живот. Тие ќе доаѓаат сами, привлечени од вашата насмевка и топлите емоции. Одредена личност ќе ви биде од голема помош, а посебно ако решавате некој важен личен проблем, спор или нешто слично. Самците ги очекуваат интересни случувања и потенцијално ново познанство. После неколку средби и значајни погледи, првиот контакт ќе биде посебно интересен и интригантен за двајцата.
Јарец
Оваа недела ќе биде многу интересна кога се во прашање вашите финансии и имот. Можни се неочекувани позитивни можности и шанси за подобрување на материјалните прашања и заработувањето. Но, од друга страна ќе морате да одржувате низок профил, без оглед на тоа колку се чувствувате фрустрирано. Немојте да им дозволувате на некои луѓе да ги притискаат вашите чувствителни копчиња со нивните зајадливи коментари. Ако не застанете во своја одбрана, многу е лесно некој да ви ја префрли одговорноста. Барајте креативни начини да окупирате своето внимание, или поминувајте повеќе време со личностите кои ги сакате.
Водолија
Имајте на ум дека не ги споделуваат сите истите вредности и убедувања, па во текот на оваа недела лесно би можеле да влезете во конфликт со некоја вжештена глава, или некоја состојба која ги засегнува прашањата или темите кои ви се многу важни. Ова докажано предизвикува фрустрација, а можеби ќе ве предизвика и да го изгубите трпението. Сепак, ова не изнесува ништо друго, освен потиснат и неизразен бес. Затоа, бидете свесни за своите ставови и убедувања и дозволете им на другите да имаат свои, кои можат да бидат многу поразлични од вашите. Сконцентрирајте се на позитивните работи во вашиот живот и дајте им го своето внимание на оние кои го заслужуваат.
Риби
Прифатете го предизвикот и довршете го сето она што одамна требаше да го направите, а притоа ќе биде потребно да водите сметка за потребите, чувствата и желбите на блиските личности. Кон крајот на неделата вашето секојдневие ќе биде многу повеќе пријатно и ослободено од стрес, ако имате добра организација и ако правилно ги распоредите обврските, без оглед на тоа дали станва збор за работата или обврските во домот. Кај многумина од вас љубовниот живот во претстојната недела добива замав и интензитет.