Претседателот на Собранието, Талата Џафери на припадниците од исламската вероисповед им го честита големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, празникот на солидарноста, добродетелството, на чистите срца и мисли.
“Имам чест во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, празникот на солидарноста, добродетелството, на чистите срца и мисли.
Овој празник, како и сите други празници воопшто, се денови кои создаваат едно поинакво чувство кај луѓето, поттикнуваат искрени насмевки и радост и топлина во срцето. Се собираат членовите на семејството раштркани насекаде низ светот, се споделуваат убави вести, меѓутоа и тажни вести. Тоа се прилики во кои се потсетуваме на сите оние кои не се повеќе физички помеѓу нас, меѓутоа за кои споменот го чуваме засекогаш. Животот е чудо само по себе, меѓутоа, знае и да погоди силно. Ете, токму тогаш излегува на површина големината и силата на обединувањето и заедничкото делување на луѓето, каде и да се наоѓаат. Сведоци сме на ненадоместливите загуби од КОВИД-19 во последниве две години, меѓутоа и на бројните природни несреќи, несреќи кои предизвикуваат човечки и материјални загуби. Нека биде празникот на Курбан Бајрам, со сета симболика што ја носи во себе, само уште еден потсетник за сите нас, да го цениме животот, да се цениме и почитуваме меѓусебно, во секој миг, секој ден и на секое место. Да подадеме рака на поддршка и кон блиските, и кон далечните, и кон соседот и фамилијата, кон непознатиот и непознатиот, без разлики. Пред сѐ и над сѐ, ние сме луѓе кои имаат исти потреби и желби, исти права и обврски.
Ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, во мигови на среќа и семејни радости, душевен мир и благосостојба за сите! Честит Курбан Бајрам!” – честиташе претседателот на Собранието, Талат Џафери.