Од утре нови рестриктивни мерки: Забрана за невакцинирани во затворено

Сподели

 

Новите мерки и ограничувања за спречување на ширењето на корона вирусот ќе стапат на сила на полноќ.

Од  утре, 16 август, целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

Од полноќ се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено.

За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители. Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август.