Превентивна кампања на МВР и РБСП “ВОЗИ ОДМОРЕН!”

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот денеска кај наплатната станица „Глумово“ продолжија со едукативно превентивната акција „ВОЗИ ОДМОРЕН!”. Целта на кампањата е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор.

 

 

Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период.

Имајќи ја во предвид ваквата состојба, МВР и РСБСП во текот на летниот период, на повеќе локации во целата држава организираат превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“.