Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 17.08.2021 до 07.00 часот денеска (18.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 541 полициски службеник, реализирани се 214 мото-патроли, а користени 156 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.