Нема да се рушат објекти во СРЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Сподели

 

Град Скопје ги демантира и отфрла наводите изнесени во денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, каде истите тврдат дека ќе се рушат дел од објектите во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на тоа место ќе се развива бетонска џунгла.

Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за регулациски план, којшто е донесен одамна, а со истиот се предвидува пробивање на сервисна уличка за потребите на околните постоечки објекти. Истата е сервисна уличка, а не булевар како што  манипулираат од ВМРО-ДПМНЕ, и истата може, но немора да биде изградена во иднина.

Целосно сакаме да ги демантираме и изнесените лаги дека во овој дел од градот ќе се градат згради, како и дека се планира уривање на некој од постоечките објекти од СЦ „Борис Трајковски“.

Град Скопје Ви стои на располагање за детални и навремени одговори во врска со сите прашања поврзани со градските активности.