11. издание на Фестивалот “ЗДРАВО МЛАДИ” во паркот на МКЦ

Сподели

 

На 27. август почнува 11-тото издание на Фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ.

 

Shortparis се на добар пат да добијат меѓународно признание со тоа што веќе ги најавуваат како „најдобриот руски чин во живо“. Доаѓаат од Русија, Санкт Петербург, предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комиагин.  Бендот продолжува да гради репутација со нивните неверојатни ритуалистички настапи и темни, електронски звучни сцени, заедно со спазмичен танц, кои се спојуваат со пост-панк, експериментална бучава и акустичен шансон за да се формира нивната музичка естетика, која е единствена. Настапувајќи на руски, француски и англиски јазик, Shortparis се приближуваат сѐ поблиску до пригоден саундтрак за нивното секојдневие, звук што го отсликува Санкт Петербург како што беше и сѐ уште е.

Нивните музички спотови се доста интензивни, како на пример придружните визуелни содржини во „Страшно“. Текстовите ја отсликуваат моменталната состојба на вознемиреност, додека визуелните материјали се обидуваат да откријат еден вид постојана хистерија. Од бендот раскажувааат дека само неколку часа по снимањето во училиштето, некој повика полиција за можни терористички активности: „Нашето музичко видео се обидува да ја манифестира состојбата на некој дел од нашата генерација. Таа е провокативна и се однесува на некои социјални трагедии, кои не се рефлектираат во нашата визуелна култура. Табуата и стравовите се отвораат: без оглед што е напишано со арапски букви, „љубов“ или „пријателство“, тоа мора да биде тероризам, ќелавите глави мора да значат нацисти итн. Но, по целата оваа игра со значења, останува само вознемиреноста и таа расте.“

Најнов материјал од бендот: Говорит Москва


ИСКРА

Го најавуваме и првиот македонски бенд на овогодишното издание на фестивалот. Се работи за иновативните и креативни Искра.
Нивните анимирани видеа раскажуваат приказна од иднината на Скопје, поточно 2088/89 година каде голема корпорација го уништува градот. За да се спречи ова, една опасна банда одлучува да се спротистави на целата ситуација.
Бенд што е релативно нов на македонската музичка сцена, а зад себе имаат мал број настапи во живо, но по минатогодишниот стриминг во МКЦ, истата вечер „падна договор“ дека се гледаме во МКЦ парк во август 2021.
Екипа што зад себе има дебело hardcorepunkmetal „досие“, а денес, својот музички израз го насочуваат кон префинета synth-електроника, проследена со фантастични визуелизации.
Првото издание го потпишуваат за етикетата ПМГ рекордингс, a пред една недела го издадоа најновиот сингл насловен „Нова Ера“, соработка со Druggy.


MURMAN TSULADZE

Бенд што ги обединува француската електроника, африканските ритми и нивните грузиски корени. Минатата година објавија видео за ‘La Flemme de Danser’, кое според „Quietus“ го доловува нивниот природен хумор и нивниот бунтовен дух додека излегуваат на улиците на Париз да танцуваат меѓу полицијата и демонстрантите. Списанието вели: „Murman Tsuladze е првото пристаниште за Fat White Family кога бараат добро време во Париз“.

А Владица Младеновски Грга (координатор на фестивалот) додава:
„Мурман е тврдоглав/камен, Мурман ги држи најбујните веѓи на сцената, Мурман е артист, шармантен поет, но исто така и шиткач на летечки килими, одметник, астронаут, кинднапер и спасител на женските срца воедно. Мурман е фудбалер, емигрант, карпа-човек.
Во придружба на првиот сопруг на неговата тетка Zauri de Makhtchkala и другар од детството Krikor Berdzenishvilli конечно решава на светот да му ја раскаже својата животна приказна на свој уникатен начин, на грузиски јазик. Мурман е роден помеѓу Црното и Каспиското море, во земја која повеќе не постои.
Денес Мурман e стациониран во градот на љубовта, светлината, модата, утре кујзнае каде ќе е… Во август Мурман за прв пат ќе е во Скопје, градот на Вардар, градот на… Вардар“.

Murman Tsuladze е повеќе од бенд, овој бенд е појава, овој бенд е experience.


БЕЛГРАДО

Оформен во 2010 година, со седиште во Барселона, Белградо постои како иновативен предводник на глобалната пост-панк сцена. Сега, влегувајќи во нивната 11-та година, квартетот продолжува да настапува дома и во странство, носејќи ја со себе репутацијата изградена од трите албуми и импресивна кариера со многу турнеи што ги однесе до сите агли на земјината топка.
Проникнувајќи од „DIY“ алтернативната сцена на Барселона, Белградо првично тргуваше со стилска мешавина од пост-панк што може да се пронајде во Европа во раните 80-ти. По објавувањето на нивното деби LP (2011), бендот започна со богат распоред на турнеи низ Европа и Северна Америка. Како група напредуваа на нивниот втор албум Siglo XXI (2013) кајшто звукот стана појасен, елегантно вметнувајќи постуден елемент – рационализирање, за на крајот да бидат забележани како вистински фаворити на жанрот. Но, може да се тврди дека нивниот последен LP, Образ (2016), навистина демонстрираше за што е способен бендот. Софистициран, но сепак достапен, различен од нивниот претходен материјал, но сепак автентичниот звук на Белградо.
Музички, бендот е подеднаков збир на нивните четири различни делови. Тапаните задржуваат експресивен квалитет што го придвижува бендот напред како ритмички мотор во погонски танц. Над перкусиите, мазни бас-линии го диктираат хармоничниот јазик на песните, додека гитарата одекнува со текстуални мотиви високо над остатокот од музиката. На отворен простор помеѓу гитарата и басот, гласот (отпеан на мајчин полски јазик), често ритмички и повторувачки, па затишје во состојба слична на транс. Бендов го сакаме на нашиот фестивалски постер уште од самите почетоци на ЗДРАВО МЛАДИ. Култните Белградо за прв пат во Скопје!


BLACKSTATE

Blackstate е псевдонимот зад кој стои Филип Тасевски – Фиц, долгогодишен дел од музичката сцена кај нас.
Најпознат како фронтмен на панк-рок бендот Новиот Почеток, но и дел од проектите Astrolungs и Retro Cabaret.
Blackstate е сосема друга приказна, современа експериментална електроника во која Тасевски со своето самоистражување ја бара својата малку „потемна“ музичка страна.
Промените се дел од растењето и созревањето, а ова што Фиц го потпишува како Blackstate е потврда за здрав развој на еден креативец/музичар/индивидуа.
За прв пат со придружба на бината, Blackstate со нетрпение го очекуваме да презентира и дел од досегашниот, но и дел од новиот материјал.
Blackstate за прв пат на ЗДРАВО МЛАДИ.


ПEКИ ПЕЛЕ

Пеки Пеле со музика почнува да се занимава уште во инкубатор, но со сериозна намера за издавање плочи од 2015 година. Вниманието на пошироката јавност го добива по првото негово издание Deguté за колективнот „više manje zauvijek” од Загреб, во друштво на Свемирко, Фантом, Џутко… и други артисти што гравитираат кон оваа етикета.
Иако Пеки Пеле се труди да биде мистериозен и не го открива својот вистински идентитет, помеѓу редови во неговата биографија се навестува дека се работи за личност со фина смисла за хумор и човек што слуша широк спектар на музика. Сам за себе вели дека во стилот на својата домашна продукција комбинира танцувачки поп со панк-естетика, поради кој не го прифаќаат ниту поперите, ниту панкерите, а ние пак веруваме дека скопската публика широкоградо ќе го прифати овој талентиран млад музичар, кој во својот музички израз длабоко навлегува во synth pop/new wave сензибилитетот на 80-тите години од минатиот век.
Пеки Пеле настапува како дуо во живо и со нетрпение го очекуваме за прв пат во нашиот град.


HERCULES & LOVE AFFAIR

Andy Butler, најпознат по проектот Hercules and Love Affair е предвесник на електронската музичка сцена уште од самите почетоци на HALA и нивниот деби-албум објавен за издавачката куќа DFA. Неговата релевантност и способност да ги предвиди новите движења во електронската музика се евидентни, особено со последното EP со наслов „Change“.
Во последните 25 години, Andy е познат по неговиот еклектичен, интуитивен и крајно персонализиран пристап кон миксањето и селекцијата на музика. Неговиот звук е разнолик и рефлектира кон Hercules and Love Affair, но црпи и од бројните ремикси со артисти како Roisin Muprhy, Chromeo итн. Неговата посветеност кон музиката секогаш одела паралелно со неговата фасцинација од слободата, која ја носи диско-хедонизмот.
Без разлика дали неговиот настап е на хаус-подиумот на Panorama Bar или настапува во Block 9 на Glastonbury, Andy има моќ да ја пренесе публиката низ седум мориња и седум океани.
Со сигурност публиката ќе го препознае по неверојатниот хит BLIND со неприкосновениот глас на прекрасната изведувачка Anohni.


ЛУФТАНЗА

На наша голема чест и задоволство годинешново издание на ЗДРАВО МЛАДИ ќе го отворат Луфтанза (Lufthansa) – еден од новите, водечки бендови на македонската алтернативна сцена!
Бендот е основан во 2020 година. Се состои од Иво Николовски, Андреј Димовски, Лука Јованоски, Виктор Стојановски, Раде Биковски и Мартин Џорлев. Свират постпанк, психоделичен рок и сѐ што ќе им дојде во моментот. На 5 април 2021 го извадија својот прв албум насловен „Демо Тејп I“, а на 17 јули, истата година, го извадија својот втор албум „Демо Тејп II“.
Дечките за прв пат ќе настапат во МКЦ и едвај чекаме да ги слушаме во живо на единаесеттото издание на фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ!


KOIKOI

KOIKOI е свежо име на шареноликата и разиграна белградска музичка сцена. На публиката прв пат ѝ се претставија во 2019 година на компилацијата Hali Gali. Нивниот дебитантски албум „Pozivi u stranu“ го сврте вниманието кон култната словенечка независна етикета Moonlee records. KOIKOI ќе нѐ маѓепса со својето трансжанровско комбинирање на автохтоната музичка традиција измиксана со современите трендови. Албумот „Pozivi u stranu“ ја носи најпримамливата форма на поинаков поп, кој во истовреме е свилено благозвучен и игриво бучен, радиски сензибилен и рокерски силовит, а секогаш под велот на хипнотички балкански мелос, преплет на екстаза и носталгија.


DJ FITZ

За DJ FITZ нема потреба од специјална најава, со него почнува и завршува секое издание на ЗДРАВО МЛАДИ. Наше, а светско. Спремил и ковид-микс за загревање, уживајте:


„Маска или преобразба на изопаченото“ – изложба на Бранкица Јордановска

„Маска или преобразба на изопаченото“ е серија од графики, цртежи и објекти што ја истражуваат максата како ликовна, формална и шпекулативна фигура, која во себе содржи потенцијал за различни пројавувања, трансформации и метаморфози.
Динамичноста на маската е земена како олицетворение на социјални и емотивни процеси, кои постојат надвор од нормата и кои често можат да бидат обележани и осудени како настрани и изопачени. Делата содржани во оваа изложба се изработени во различни ликовни техники како акварел, линорез, текстил.