Денеска започна пописот на населението спроведена од Државниот завод за статистика

Сподели
 
Денеска започна најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, којашто ја спроведува Државниот завод за статистика, која ќе заврши на 30 септември.
 

Пописот ќе се спроведува според комбиниран модел, односно освен прибирање на податоци директно од населението на терен, ќе се користат и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваат сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

 

 
“По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните. За оваа операција да биде успешна покрај професионалноста на вработените во Државниот завод за статистика и ангажираните инструктори и попишувачи, неопходна е соработката од сите граѓани, изјави премиерот Заев.
 
Затоа ве повикувам да бидете партнер во овој процес, затоа што само на овој начин Владата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата ќе можат да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија, додаде премиерот.
 
 
 

 

“Денес почнува главната фаза во најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега. Институциите се целосно подготвени и на терен веќе почна попишувањето на лицата, становите и домаќинствата, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Конечно, како целиот развиен свет ќе имаме информации, кои се навистина есенцијални при креирањето на планови и проекти кои се потребни пред се за вас. Тоа што е најважно е дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на Ковид-19. Докторите ги напишаа правилата за заштита и тие се обврзувачки за сите попишувачи и тука дилеми не треба да има”, додаде министерот Маричиќ.

Пописот се спроведува по 19 години, односно последен пат во земјава имаше во 2002, а обидот за попишување во 2011 беше неуспешен.