Во рамките на Саемот на книгата во Скопје денеска беше промовирана книгата “Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)”, од проф.д-р Марјан Димитријевски.
Промотор на ова издание на Државниот архив, што е објавено по повод јубилејот – 70 години од институционалното создавање на Архивот, беше д-р Марјан Иваноски.
“Оваа книга не ги содржи само биографиите на 13-те досегашни директори на Државниот архив, туку е и трајно сведоштво за првите позначајни чекори и за развојот на архивската дејност во нашата земја” – подвлече, меѓу другото, промоторот д-р Иваноски.