Почивалшек: Во Словенија државните службеници мора да се вакцинираат

Сподели

 

 Вработените во државната служба во Словенија мора да се вакцинираат или да покажат потврда дека прележале Ковид-19, во спротивно нема да можат да работат со странки, најави министерот за економија и вицепремиер Здравко Почивалшек.

„Од вработените кои се во контакт со луѓе ќе се бара како услов за работа да бидат вакцинирани или да прележале Ковид-19“, рече Почивалшек, додавајќи дека тоа повеќе нема да биде можно со негативен тест за коронавирус како порано. Ова е еден од следните чекори за да се покаже „потврд“ став кон потребата да се вакцинира што е можно поголем дел од населението и дека тоа требало да се направи порано.

Според Почивалшеко, таков потег е можен со законот и прописите во областа на безбедноста при работа.