Заев: Зошто да поднесам оставка? За да дојдат Мицкоски и Села?

Сподели

 

“Немам дополнителен коментар на изјавите на Села. Само ќе прашам зошто? Должен е да каже зошто. Ако не каже, тогаш тоа е желбата за пуста власт”,  изјави денес премиерот Зоран Заев од Сарај, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе поднесе оставка од функцијата.

Премиерот потенцира дека Села и Мицкоски ќе дојдат на власт, но само ако заслужат од граѓаните.

 

-“Зошто да поднесам оставка? За да дојдат Мицкоски и Села? Тие ја користат грозотијата на трагедијата. Болката е искрена кај сите нас. Сѐ додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Јасна е сликата кај нашиот народ и јасен е изборот”, одговори Заев поизјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини.