Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор и до министерот за здравство д-р Венко Филипче ја достави следната информација за извршен вонреден инспекциски надзор во модуларните болници на територија на Република Северна Македонија
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во 18 модуларни болницилоцирани во следните градови:
Скопје , (ЈЗУ УКИБФС, ЈЗУ УК за педијатрија и ЈЗУ УК заапулмологија) ЈЗУ КБ Штип, ЈЗУ ОБ Кочани, ЈЗУ ОБ Струмица, ЈЗУ ОБ Куманово,ЈЗУ ОБ Прилеп,ЈЗУ ОБ Гостивар,ЈЗУ КБ Битола ,ЈЗУ ЗД Ресен ( во склоп на ЈЗУ Здравствен дом) ЈЗУ ОБ Гевгелија,ЈЗУ ОБ Струга, ЈЗУ ОБ Охрид,ЈЗУ ОБ Кавадарци, ЈЗУ ОБ Велес,ЈЗУ ОБ Кичево и ЈЗУ ОБ Дебар,
Предмет на надзор согласно надлежностите на Државниот санитарен и здарвствен инспекторат беше следен;
• опис на модуларната болница :капацитет на болницата со број на болнички соби, болнички кревети , дополнителни простории , монентална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница
• -санитарно хигиенска состојба на објектот;
• увид потврда за извршенма ДДД од овластена установа;
• -увид дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот;
• -увид во делот дали и колку од од персоналот се комплетно вакцинирани
• -начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад;
• -број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите ( лекари, сестри, болничари,хигиеничари)
• -дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница;
• -дали се почитува забраната за посета на надворешни лица . Доколку се затекне било кое лице кое е во посета , задолжитежно да се евидентира во записник ;
• -увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.
Констатирана е следната фактичка состојба :
Во моментот на наздор модуларните болници во Битола , Гостивар и Кочани немаат хоспитализирани пациенти.
Модуларната болница во Дебар од своето пуштање во функција на ден 21.03.2021 година до 01.07.2021 год била затворена, за потоа да продолжи да функционира како вакцинален пункт.
Модуларната болница во Штип од 29.05 2021 година функционира како инфективно идделение со оглед на тоа што одделението, од КБ се реновира.
Модуларната болница во Ресен функционира како амбуланта за тријажа, земање материјал за ПЦР тестирање и како дневна болница , но нема лежечки пациенти.
Модуларните болници во склоп на ЈЗУ клиника за пулмологија и ЈЗУ УК за детски болници исто така функционираат како амбуланта за преглед и тријажа.
Во останатите има хоспитализирани пациенти.
По однос на санитарно-хигиенската состојба, извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција , динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини не се констатирани недостатоци.
Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица.
Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал ; лекари (специјалисти и специјализанти)и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти.
Во модуларната болница на ЈЗУ УКИБФС –Скопје по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар.
За нега на пациентите се грижат болничари или сестри за нега.
За одржување на хигиената се грижат хигиеничари.
Вработените во моуларните болници се имунизирани а дел имаат прележано Ковид 19.
ЗАКЛУЧОК: Од спроведените инспекциски наздори не се констатирани недостатоци, стои во информацијата на ДСЗИ.