Во последните 24 часа направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 205
• Куманово – 39
• Кочани – 23
• Кавадарци – 17
• Битола и Велес – по 15
• Штип – 14
• Прилеп – 13
• Охрид – 12
• Струмица – 7
• Тетово и Свети Николе – по 6
• Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5
• Крива Паланка – 3
• Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2
• Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци ( 85г),Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години.Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од:
• Скопје – 198
• Куманово – 27
• Штип – 22
• Прилеп -21
• Струмица – 19
• Велес – 16
• Кавадарци – 14
• Гостивар – 11
• Битола и Тетово – по 9
• Кочани и Кичево – по 7
• Радовиш и Ресен – по 6
• Берово и Валандово – по 4
• Гевгелија и Кратово – по 3
• Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2
• Охрид,Крива Паланка и Виница – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.