Руте: Јас не сум среќен што се блокирани пристапните преговори со Северна Македонија

Сподели

 

Холандија ќе стори се што е во нејзина моќ да се одблокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија, изјави пред почетокот на самитот во Брдо, премиерот Марк Руте, пренесе Дојче веле.

„Јас не сум среќен со фактот што се блокирани пристапните преговори со Северна Македонија и сметаме дека тие треба да бидат деблокирани што побрзо. Се надевам дека тоа ќе се случи по изборите во Бугарија, и ние ќе сториме се што можеме за тоа да се случи“, рече Руте пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан во словенечкото Брдо кај Крањ.