Договор нема партиите викендов ќе размислуваат за понудените опции

Сподели

bejli-4

Претставниците на политичките партии и денеска не постигнаа договор на преговорите кои во резиденцијата на Европската Унија во Пржино започнаа претпладнево во 11 часот.

По завршувањето на преговорите, американскиот амбасадор Џес Бејли рече дека имало извесен напредок и затоа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав  ќе остават простор партиите во текот на викендот да размислат по однос на предложените опции, за преговорите да продолжат следната недела.

Амбасадорот Бејли е оптимист дека кај партиите има политичка волја за решавање на отворените прашања, но не одговори на новинарските прашања, кој е проблемот кој се уште го кочи Договорот од Пржино.

Партиските претставници, по завршување на средбата не сакаа да дадат изјави за медиумите.

На преговорите СДСМ бара целосни ингеренции за министерот за внатрешни работи, додека ВМРО-ДПМНЕ е за ограничени овластувања.

Според последните информации, договор е постигнат за избирачкиот список, за ад хок телото за контрола на медиумите и за главен и одговорен уредник на јавниот сервис.