ДЗСИ: Лице со ковид-19 починало дома – не прифаќајте лекување во домашни услови

Сподели

 

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелираат до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

Директорката на инспекторатот д-р. Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.

Од инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид 19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.

Роднините потврдиле дека починатото лице било лекувано дома и дека биле давани инфузии, иако  матичниот лекар препорачал само антибиотска терапија. Семејството нема никаков извештај за тоа кој ја давал терапијата, ниту што било давано. 

ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи.