Активности на кандидатот за градоначалник на Општина Илинден, Александар Георгиевски

Сподели

 

Изминативе 17 дена од изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ во Општина Илинден ги помина во голем број на активности за презентација на кандидатот за градоначалник, Александар Георгиевски и изборната програма на граѓаните.

 

 

Истото се одвиваше во позитивна атмосфера, во насока на средби со граѓаните и презентација на нашата програма и визија за една почиста, поубава и поразвиена Општина Илинден. Изминатиов период беа посетени сите населени места, беа остварени многу средби и посетени многу домови на нашите сограѓани, каде им се презентираа проектите со кои планираме да решиме голем број од нивните секојдневни проблеми.

Само сите заедно можеме да создадеме нова, подобра иднина за нас и нашите идни поколенија. Еден градоначалник за да може да ја спроведе својата визија и програма, мора да ја им а поддршката и од Советот на општината.

Затоа, потребна ни е и Вашата поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, предводена од носителот на листата Верче Мицевска.

За таа цел, Ве повикуваме на 17 октомври, со заокружување на бројот 7, да го дадете својот глас за напредок, да гласате за проекти, да гласате за почист, поубав и поразвиен Илинден.