Слаткиот Џош стана британец

Сподели

 

Уште едно премило куче од прифатилиштето на Лајка отпатува за Велика Британија и беше вдомено од прекрасен пар.

 

 

Својата радост не можеа да ја скријат и топло ја споделија со нас. Секојдневно ни испраќаат многу фотографии и видеа од заедничките авантури со нивниот нов член во семејството.

Џош ги освои нивните срца уште од првиот момент, а ние сме пресреќни што веќе ја чувствува удобноста, топлината и љубовта на својот нов дом.

Му посакуваме среќа на британецот Џош.