Потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ Александар Николоски денеска на прес-конференцијата изјави дека тие заедно со пратениците на АА и Алтератива, Беса и Левица поднесуваат иницијатива за гласање недоверба на владата.
Оваа иницијатва ја потпишале 61 пратеник и дека очекуваат претседателот на собранието Џафери, во соодветниот рок да закаже седница најдоцна до четврток.
“Очекуваме претседателот на Собранието да свика собраниска седница на која ќе биде изгласана недоверба на Владата. Потоа почнуваат преговорите за состав на нова политичка влада”, изјави Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски искажа уверување дека очекува недовербата на владата да биде изгласа со 61 и повеќе пратеници, и покрај ставот на пратеникот Скендер Реџепи од АА. Тој рече дека тие се во преговори за поддршка со уште неколку други пратеници.
“Ако политичките партии успеат да состават и да се договорат, тогаш ќе имаме нова влада, ако не се успее во тие преговори тогаш неминовно ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори.”
-Чекавме осум дена по најавата премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, доста е, рече Николоски.