Од денеска и официјално градоначалник на Град Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.
Петре Шилегов со букет цвеќе ја пречека новата градоначалничка и ѝ посака успешна работа во престојниот мандат.
“Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече Шилегов.
“Чесно, вредно, одговорно, посветено започнуваме заедно од првиот ден да ја реализираме визијата за европско модерно Скопје”, изјави Данела Арсовска новиот градоначалник на Град Скопје.