Претседателот на Македонскиот Полициски Синдикат д-р Марјан Кицев упати писмо до г-дин Имер Зеќири кој на IV Изборно собрание е избран за нов Претседател на Косовскиот Полициски Синдикат.
“Ми претставува особена чест и задоволство, во име на членовите на Македонскиот Полициски Синдикати во свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Косовскиот Полициски Синдикат(СПК-РК), со искрени желби за успешно извршување на оваа висока и одговорна функција.
Ја користам оваа пригода да ја повторам мојата лична увереност дека во периодот што следи, со заемен ангажман можеме да придонесеме за јакнење на традиционално пријателските односи помеѓу Македонскиот Полициски Синдикат и Косовскиот Полициски Синдикат и за уште поплодна синдикална соработка.
Убеден сум дека новото раководство на Косовскиот Полициски Синдикати ќе продолжи по патот на обезбедување подобри економско социјални услови на своите членови.