Јувентус лета во Серија Б – Се поднесува пријава и да им се одземат повеќе титули!

Сподели

Поради сомнителен бизнис, славниот Јувентус е на удар на италијанските истражни органи!

Како спорни беа означени трансферите на дури 42 фудбалери. Целата приказна стигна до италијанското здружение за заштита на правата на потрошувачите (CODACONS) во кое тие тврдат дека Јувентус мора да испадне во Серија Б и да им се одземе последното Скудето!

Се огласи и предводникот на спортот на „чизмата“.

– Доколку Јувентус стекна предност во однос на ривалите со ваков тип на бизнис надвор од прописите, тогаш е нарушена регуларноста на минатиот шампионат. Затоа, властите ќе мора да интервенираат и да ги санкционираат виновниците – изјави Марко Дончели, првиот човек на италијанскиот олимписки комитет, кој соработува со (CODACONS).

Ова сигурно ги вознемири навивачите на Старата дама.

– Јувентус нема да биде изземен од казна. Од таа причина, а за да ги заштитиме навивачите, ќе поднесеме пријава до обвинителот, Јувентус да биде исфрлен во Серија Б и да му се одземат титулите освоени за време на нелегалниот бизнис.

The post Јувентус лета во Серија Б – Се поднесува пријава и да им се одземат повеќе титули! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico