Во сообраќајна несреќа во јужниот дел од Мексико, според локалните власти, загинале најмалку 54 мигранти при превртување на камион во кој биле пренесувани, пренесува ДВ.
Според извештаи на очевидци, возачот на товарен камион во кој се наоѓале преку 100 луѓе, поради преголема брзина ја изгубил контролата врз возилото во една кривина. Во несреќата загинале најмалку 54, а се повредени десетици лица.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изрази длабоко жалење за трагедијата во сојузната држава Чиапас со мигранти по потекло од централна Америка.