Легендарниот Андрес Иниеста е еден од оние луѓе на кои, дури и да не ги познаваме, веруваме дека секогаш се насмеани бидејќи едноставно така делуваат на околината.
Момчето чии солзи светот ги виде во моментот кога ја напушти Барселона, сепак имаше моменти во животот кога мислеше дека се е изгубено.
Во време кога со Барселона пишуваше страници од историјата со своите одлични партии, Иниеста преживуваше вистинска семејна драма.
Сепак, нивната среќа не траеше долго, со оглед на тоа дека Ана Ортиз абортирала поради компликации во бременоста.
Првотимецот на Барселона и неговата сопруга настрадаа далеку од очите на јавноста, а кога Иниеста дозна за непоправливата загуба им се заблагодари на сите за разбирањето и поддршката.
По големата загуба, двојката доби уште две деца, бидејќи како круна на нивната љубов се родија синот Пабло и ќерката Сиена, па Андрес и Ана денеска уживаат во своите три деца, но и сеќавањето на загубата што вечно ќе ја носат во нивните срца.
Легендата на светскиот фудбал е еден од играчите кои отворено зборуваа за депресијата во спортот.
Тој се уште е активен фудбалер и во 37-та година од животот и е член на фудбалскиот клуб Кобе од Јапонија.
The post Болка која ќе ја носи до крајот на животот – Испиша историја со Барса и доживеа семејна драма! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico