Смртна закана до обвинителот Јовески: Нема да ме заплашат!

Сподели

 

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, добил смртна закана доколку не биде запрена постапка за еден конкретен предмет. Ваквата информацијата што вчера ја објави „А1 он“, обвинителот Јовески ја потврди во кус разговор за ДВ.

Станува збор за закана која стигнала преку препорачано писмо адресирано лично до обвинителот Јовески, испратено по пошта од Битола. Писмото тој го добил вчера, пред крајот на работното време. Обвинителот беше воздржан во подетално објаснување на содржината на писмото, но потврди дека во него се барало Обвинителството да ја запре постапкатата против лица во конкретен предмет, а во спротивно, доколку тоа не биде сторено, била испратена смртна закана за него.

„Такви закани нема да ме заплашат во постапувањето по конкретни предмети и примена на законот“, изјави Јовески за ДВ.

Текстот во целост прочитајте го тука