ЕЦБ ги предупредува банките за можни кибер-напади од руските хакери

Сподели

 

Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди банките дека се можни кибер-напади од руски хакери во периодот на ескалација на тензиите со Украина, јавува Ројтерс. ЕЦБ ги подготвува европските банки за евентуален кипернапад спонзориран од Русија, додека се зголемуваат тензиите во врска со украинскиот конфликт, пренесува мета.мк.

Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери кои стравуваат од инвазија која ќе му наштети на целиот регион. Затоа ЕЦБ, на чело со поранешната француска министерка Кристин Лагард, која ги надгледува најголемите европски кредитори, е во состојба на готовност поради заканата од кибернапади преземени од Русија.

Додека европскиот регулатор досега беше фокусиран на обичните измами што цветаа за време на пандемијата, украинската криза го насочи неговото внимание кон кибер-нападите започнати од Русија, при што ЕЦБ ги испрашува банките за нивната одбрана.

ЕЦБ, која го издвои решавањето на ранливоста на сајбер безбедноста како еден од своите приоритети, одбила да коментира за агенцијата Ројтерс.

Спорот меѓу Русија и Украина ги потресе европските политички и деловни лидери, кои стравуваат од инвазија која ќе нанесе штета на целиот регион.

Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон се префрли од Москва во Киев во обид да дејствува како посредник откако Русија стационираше околу 100.000 војници на руско-украинската граница и во Белорусија.